Zum Inhalt springen

Специјалист за корисничка поддршка со француски јазик во областа на туризмот (м/ж)

Remote
  • Skopje, Centar, North Macedonia
MKD 21,500 - MKD 43,000 per monthCSR

Job description

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата: почнувајќи од 47.300 денари;

  • Бонус за добредојде од 15.300 денари;

  • Можност за работа од дома: работи од удобноста на твојот дом по успешно совладување на обуката;

  • Можност за работа на скратено работно време;

  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;

  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;

  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;

  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;

  • Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;

  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;

  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!


Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на француски јазик во областа на туризмот!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на францускиот јазик: биди гласот на една од водечките тур-оператори во светот;

  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со резервациите на клиентите;

  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;

Job requirements

Што бараме?

  • Француски гуру: задолжително течно познавање на францускиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Покрај францускиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (се работи паралелно со двата јазика);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;

  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

or

Apply with Indeed unavailable