Zum Inhalt springen

Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик (м/ж)

On-site, Remote
  • Skopje, Centar, North Macedonia
  • Work from home, Centar, North Macedonia
+1 more
MKD 39,900 - MKD 53,200 per monthCSR

Job description

Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за корисничка поддршка за еден од нашите клиенти кој е мултинационален ланец на продавници за продажба на електроника каде што секојдневно комуницираш со клиенти на германски јазик и притоа покрај тоа што им помагаш на клиентите со нивните барања, ги подобруваш јазичните познавања и учиш нови работи! Придружи ни се и биди гласот на корисничката поддршка што зборува германски јазик!


Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата; почнувајќи од 53.200 денари;

  • Бонус за добредојде од 12.000 денари

  • Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;

  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;

  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;

  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;

  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;

  • Модерни канцеларии во центарот на Скопје: чувствувај се како дома додека работиш;

  • Можност за работа од дома

  • Проширување на вашите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;

  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;

  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!


Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик и комуникација со клиенти преку различни комуникациски канали;

  • Подобрување на корисничкото искуство: давај насоки и споделувај информации и совети;

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените решенија;

  • Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;

Job requirements

Што бараме?

  • Германски гуру: задолжително течно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Можност за работа од канцеларија во Скопје;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;

  • Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;


Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

or

Apply with Indeed unavailable